(ФОТО) Кратко невреме го парализира Скопје

by fokus

Силно невреме за речиси половина час го блокира главниот град. По бурата во Скопје, неколку предели од градот останаа привремено без струја, а поплавени се и неколку улици.

 Најкритични се  кружниот тек кај хотел „Континентал“, како и подземните премини кај Бутел и булевар „Србија“.

Покрај поплави, од силниот дожд и ветер, откорнати се и неколку дрвја на улиците.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) локалното нестабилно време на повеќе места ќе продолжи и во вечерните часови. Невремето е поизразено во источните и во западните планински делови.

gfdsghdh

tviter1

tviter4

Фото: Твитер

Поврзани новости