Премиерот Димитар Ковачевски денешната работна посета на Гостивар ја искористи да се сретне со новиот коалиционен партнер во Владата, лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
-Топло добредојде денеска ми посакаа гостиварци за време на мојата работна посета на нивниот град. Драго ми е што запознав многу пријатни и позитивни луѓе.
На почетокот од работната посета остварив и кратка средба со градоначалникот Арбен Таравари. На средбата разговаравме за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Тој додаде декане е важно местото на живеење, владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините.
-Нашата цел е на граѓаните да им обезбедиме квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат, уверува премиерот.