622
Премиерот Димитар Ковачевски и неговата сопруга синоќа биле на свечен прием организиран од американскиот претседател Џо Бајден во Обединетите нации.
Ковачевски на својот Фејсбук профил објави фотографија со Бајден и сопругите.
-На покана од Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа присуствувавме на свечениот прием што го организираше во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.
Стратешкото партнерство со САД за нас како држава е од исклучително значење за исполнување на клучните цели и приоритети. Рамо до рамо со САД стоиме цврсто зад нашите цели за зајакнување на демократските процеси, и унапредување на економскиот и социјалниот развој на нашата држава, напиша Ковачевски.