Бериша повикува на генерален штрајк во Албанија

by fokus

Поранешниот албански претседател, премиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша од собраниската говорница повика на генерален штрајк.

Тој почна со повик до наставниците, универзитетските професори, па лекарите, а потоа и бизнисмените и студентите да излезат на протест и да почнат генерален штрајк, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Само генерален штрајк е билетот за ставање крај на владеењето на оваа корумпирана влада. На штрајк, на штрајк, само штрајк, рече Бериша, кој повикот го упати и до сите албански граѓани.

Пратениците од владејачката социјалистичка партија го обвинија за поттикнување насилство.

Поврзани новости