(Фото)„Колкаво бугарско маче е Таче“, „Партизаните не преговараат со фашисти“, – дел од транспарентите на протестот

by fokus

„Македонската нација е против капитулација“, Колкаво бугарско маче е Таче“, „Партизаните не преговараат со фашисти“, „Не за бугаризација“, се дел од транспарентите што граѓаните ги носат на сенародниот протест пред Владата против францускиот предлог којшто го објави Владата.

На протестот се слушаа сирени, песни за Македонија, а граѓаните извикуваа „Оставка“. Протестот нема официјално организатор, но го поддржаа опозициските партии.

На подиумот говори одржаа спортскиот новинар, Тони Стојановски, Јелка Јачева Улчар од Институтот за Македонски јазик, актерот и пејач, Петар Георгиевски-Камиказа, новинарот Коле Чашуле…

Поврзани новости