Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме, порача Мицкоски пред протестот

by fokus

Ако Европа не е спремна да не прими на цивилизиран начин, ќе почекаме, Македонија е над се, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред протестот пред Влада организиран против францускиот предлог.

-Денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да и стават крај на Македонија, ова нема да им го заборави македонскиот народ. Нас не ни треба Европа ако треба да се асимилираме. Ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме за кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она што ние денеска сакаме да го кажеме, порача Мицкоски.

„Македонија над се“, додаде Мицкоски.

Пред Владата вечерва се одржува протест против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости