Претседателот Иванов и сопругата, Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде ќе се одржи централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.
Претседателот и сопругата се сликаа со светските лидери во Елисејската палата, меѓу кои претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателот на Русија, Владимир Путин, и со германската канцеларка, Ангела Меркел.
Македонскиот претседател, на покана на Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска во Париз присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.