(ФОТО) И Левица се придружи на протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus
Политичката партија Левица е дел од вечерашниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а по повод последните изјави на премиерот Зоран Заев. Левица утринава најави дека го поддржува народниот револот и ќе биде дел од како што го нарекоа, антивладиониот протест.
-Досега ниту еден политичар во 30 – годишната историја на независна Македонија, не “успеал” на овој начин, како Заев, да ги собере сите можни црнила на македонската политика во себе. Ваквата циркус-политика достигна ново дно. Започнувајќи со распродавање на националните економски капацитети, на македонската политичка елита, сега при нивното слугување на странските империјалистички сили, единствено и’ останува да ги распродаде националните обележја, па дури и да тргува со историските факти поврзани со оваа нација.
Една од првите задачи на идната народна власт е, прво да стави крај на овој процес, а потоа да направи пресврт и да се придвижи во вистинската насока до целосно ослободување на државата, притоа казнувајќи ги сите кои Македонија ја довеле до оваа положба. Нашата задача пак, задачата на Левица, е да бидеме таква власт.
Левица го поддржува народниот револт и нашето раководство заедно со поширокото членство, ќе бидат присутни на вечерашните антивладини протести.

СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ!
СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ! , порачаа од Левица.

Поврзани новости