Мицкоски: Заев не засрами сите, ова е протест на народот!

by fokus 19:39
19:39

Низа критики од политичкиот опонент на премиерот Заев, Христијан Мицкоски беа упатени токму кон претседателот на Владата.

Интервјуто на БГНЕС, вели Мицкоски, ги засрами сите македонски државјани

- Advertisements -

-Има кои се свети и не се предмет на пазарење. Тие се дел од нашиот идентитет. Доста е, време е Македонците да се изборат за своите правдини. Ова што Заев го прави на Македонија е срамно. Тоа го правеше за таа пуста фотелја, газеше по коските на Пинџур, Карпош, Корчагин. Тие ја започнаа својата борба за Македонија. Овде нема политика, ова е Македонија. Ова е протест на народот. Мора сите да се обединиме, секогаш сме биле и сме победуваме, истакна Мицкоски.

Тој побара Заев да им се извини на сите граѓани за вчерашното интервју за БГНЕС, како и веднаш да си поднесе оставка. Најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протести во Куманово, Тетово, Охрид, Кавадарци, Битола и Прилеп.

Јорданчо Цветаноски

 

Поврзани новости