738
Група на граѓани се собира пред домот на екс-премиерот Никола Груевски со цел како што велат да му дадат поддршка, јавува ТВ 21.
Групата граѓани кои се собираат пред домот на екс-премиерот носат знамиња со сонцето од Кутлеш.
Судските доставувачи вечерва со решението според кое жалбата на Никола Груевски е одбиена отишле на адресата на поранешниот премиер, но не го пронашле.
Вратата ја отворила сопругата на Груевски, Боркица и ги известила доставувачите дека тој не е дома.
Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка, но решението мора да го прими лично на рака.
ФОТО ТВ21