Заврши распитот на Камчев, следува одлука дали ќе му биде одреден притвор

by fokus

Доцна вечерва заврши распитот на бизнисменот Орце Камчев пред судија на претходна постапка. Освен Камчев распитот заврши и за осомничениот Ненад Јосифовиќ, а во текот на ноќва на распит се и осомничените Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски кои СЈО кривично ги гони во предметот со кодно име „Империја“, објави Независен.

Откако ќе заврши распитот на овие петминаосомничени судијката на претходна постапка Весна Димишкова треба да го изготви решението односно да одлучи дали ќе им одреди притвор на Камчев и неговите бизнис соработници осомничени во овој случај за кои се бараат мерки за обезбедување.

Поврзани новости