(Фото) Гори депонијата Вардариште

by fokus

Попладнево пожар избувна во депонијата Вардариште, лоцирана спроти Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје во скопската населба Маџари.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за „Фокус“ изјави дека пожарот се гасне со двепротивпожарни возила и засега не е проширен, односно е во рамките на депонијата.

Ова не е првпат депонијата „Вардариште“ да гори за време на летниот период.

Поврзани новости