Првиот светски рекет со лет во 12.30 часот по средноевропско време (22.30 по локално) ќе ја напушти Австралија и ќе биде депортиран после одлуката на Федералниот суд.
Новак Ѓоковиќ по судски пат не ја доби можноста да игра во Мелбурн на грен слем турнирот „Австралија опен“ и да атакува на 21 рекорден грен слем трофеј.
Ѓоковиќ со полициска придружба веќе се наоѓа на аеродромот во Мелбурн и наскоро ќе ја напушти Австралија.
Најпрвин треба да пристигне во Дубаи во понеделник наутро по македонско време, околу 05.30 часот, летот од Мелбурн до Емиратите трае 14 часа.
Според одредени српски медиуми, не се очекува веднаш да се врати во својот роден Белград, тоа би требало да се случи за околу 10 дена.
Novak Djokovic leaves the Marhaba lounge at Melbourne Airport for flight back to Europe. pic.twitter.com/Rg2D1XTTwW
— Shane McInnes (@shanemcinnes) January 16, 2022