Петков во Скопје доаѓа за конструктивен нов почеток

by Fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека при посетата во Скопје нема да донесе никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку дека доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за нов почеток.

Тој тон, вели Петков, ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон важните прашања кои го засегаат секојдневието на граѓаните на двете земји, вели тој за МИА.

Петков на 18 јануари заминува во официјална посета на Скопје. Во бугарската делегација се и министерката за надворешни работи Теодора Грнчаровска, министерот за транспорт и врски Николај Шабев и заменик претседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин, како што соопшти прес-службата на Министерскиот совет на Бугарија.

Посетата ќе биде реализирана откако на бугарскиот премиер му беше укинат карантинот по негативниот ПЦР тест. Тој беше во самоизолација по контакт со претседателот на Парламентот Никола Минчев кој беше тестиран позитивен на коронавирус откако присуствуваше на состанок на Советодавниот совет за национална безбедност со највисоките политичари и функционери во земјата.

На седумчасовната средба Минчев присуствуаа претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, министрите за одбрана, внатрешни работи и финансии, началникот на Генералштабот на бугарската армија, како и шефовите на безбедносните и разузнавачките служби. Присуствуваа и заменик-министер за надворешни работи, како и врвни претставници на седумте бугарски партии со места во парламентот.

На состанокот, како што изјави претседателот Радев, Бугарија ја потврдила својата позиција кон евроинтеграцијата на Северна Македонија и новата Влада ќе мора да ја спроведе.

Поврзани новости