505
Скендер Реџепи-Зејд, кој е независен пратеник откако се отклони од матичната партија Алтернатива, на Фејсбук објави фотографија од средба помеѓу партискиот лидер Африм Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица.
„Прашање за 1 милион евра? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?“, праша Реџепи.
Тој порача дека активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност, заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба.
Инаку, Алтернатива беше избркана од владата, откако Димитар Ковачевски и Али Ахмети направија договор со Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.