Лажен аларм на канадер во лет предизвика лажна тревога

by Фокус

Центарот за управување со кризи извести дека од Контрола на летање утрово е пријавен настан за вклучен аларм во контрола на летање на авион што има технички проблем.

-По остварените контакти со Контрола на летање првично не можеше да се утврди локација на авион и се претпоставуваше дека се работи за ,,ер-трактор”, еден од авионите за гаснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК се известени Дирекцијата за заштита и спасување каде што истите беа на местото на настанот и утврдиле дека се работи за нивен ,,ер-трактор” кој јавувал грешка во системот“, велат од ЦУК.

Од страна на ДЗС е направен рестарт на системот и ситуацијата е нормализирана без никакви проблеми, велат од ЦУК, па додаваат дека истата информација е потврдена и од Контрола на летање.

Поврзани новости