ФОТО ГАЛЕРИЈА: Првомајски протест низ скопските улици

by lali

Од Жена парк, спроти собраниската зграда, преку Владата на Република Македонија и на крајот на плоштадот во Скопје се движеше толпата од неколку стотина луѓе, со свирчиња и транспаренти во рацете. Протестот го организираа неколку синдикални здруженија, меѓу кои Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Ленка, УПОЗ, Солидарност, Синдикатот на македонската дипломатска служба и КСОМ.

Барањата на синдикатите и на граѓаните што ги поддржаа се: Законот за минимална плата да не дискриминира и ефективно да ги казнува прекршителите, правото на штрајк да се ослободи од законските стеги, а правото на синдикално организирање да не биде мртво слово на хартија.

 

Поврзани новости