Падна случајот „Ровер“?

by fokus

Според неофицијални информации на „Фокус“, судскиот случај „Ровер“, во кој Љубе Бошкоски според првостепената пресуда беше осуден на 12-годишна казна затвор, падна на Апелација, односно второстепениот суд одлучил случајот да го врати на повторно судење.

Адвокатите не информираа дека сѐ уште не ја добиле одлуката на Апелација, но дел од обвинетите кои се во затворот, тврдат дека денеска ја добиле пресудата на писмено.

Одлуката официјално ќе можеме да ја потврдиме во петок, бидејќи утре е неработен ден.

Поврзани новости