549
Горат бараките во кои се сместени Институтот за социолошки и политички истражувања, како и Заводот за Урбанизам. На терен е фото репортерот на Фокус, Томислав Георгиев. Пожарот во моментот се уште е во полн ек и испушта голем чад кој може да се види и од поголема далечина. Противпожарните екипи се борат со огнената стихија и се обидуваат да го изгаснат пожарот.