967
Откако претпладнево фудбалската репрезентација на Македонија полета од скопскиот аеродром кон Букурешт, тие попладнево пристигнаа во романскиот град.
Со насмевка на лицето и развиорени знамиња, фудбалерите стапнаа на романско тло, каде ќе им биде главната тренинг база на ова натпреварување.
Заедно со фудбалерите е и Илија Несторовски, кој заработи повреда пред извесно време и ќе го пропушти Европското првенство. Сепак, неговата поддршка не изостана.
Фото – ФФМ