(ФОТО) Филипче со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје: Ви благодариме за поддршката!

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче упати голема благодарност до Џихан Тавилах, која е шефица на канцеларијата на СЗО во Скопје, за максималната поддршка за нашата земја.

Ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација! Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка…

Publiée par Венко Филипче sur Dimanche 5 juillet 2020

„Ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација! Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и честото миење на рацете се клучниот фактор за заштита од ковид-19. Ви благодарам Џихан Тавилах за максималната поддршка која ни ја давате во целиот овој изминат период. Таа е шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје и заеднички се бориме да го спречиме ширењето на корона вирусот“, напиша Филипче на својот профил.

Поврзани новости