Овчар починал од удар од гром кај Свети Николе

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, жител на село Дорфулија починал од удар на гром додека ги пасел своите овци.

„На 05.07.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во с.Дорфулија, светиниколско, на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од с.Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе“, велат од МВР.

Поврзани новости