578
Првата дама, сопругата на претседателот Стево Пендаровски им помагаше на волонтерите од Црвен Крст.
„Во овие тешки моменти важно е сите да помогнеме во рамки на своите можности и да си дадеме поддршка. Црвениот крст на град Скопје преку своите волонтери помага на различни ранливи категории.Заедно со Ивона одговаравме на телефонската линија за помош. Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а сите останати на 071/379-119 – напиша Ѓорѓиевска.