422
Поранешниот амбасадор на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет е во посета на Украина. Тој прошета и до поранешната резиденција на екс-претседателот на Украина, Виктор Јанукович.
Гледајќи ги, како што рече, лажните галии, го фатила носталгија за Скопје и галиите во Вардар.
„Лажни галии во озлогласената резиденција на Јанукович во близина на Киев. Ми направија носталгија за Скопје и трите галии кои пловат во Вардар“, напиша Гарет на својот Твитер.