Жена пронајдена мртва во хотел во Битола

by fokus

66-годишна жена е пронајдена мртва во хотел во Битола, информираат од полицијата. Како што велат од таму, Итна медицинска помош констатирала смрт кај жената која била пронајдена вчера околу 07.30 часот во хотел на улицата „Васко Карангелевски“.

Увид на местото на настанот извршила и увидна екипа од СВР Битола.

-По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција – соопшти битолската полиција.

Поврзани новости