785
Кордон полиција ги пречека демонстрантите кај Рекорд, сакајќи да ги спречат да не тргнат кон Собранието. Сега незадоволните граѓани се пред канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов каде атмосферата станува тензична.
Демонстрантите извикуваат „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“ и со јајца фрлаат кон канцеларијата. Пред канцеларијата фрлена е и една димна бомба.