Министерот Никола Димитров на социјалната мрежа фејсбук објави фотографија од потпишувањето на Законот за ратификација на договорот за името, од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
-Историски и свечен момент, емоции и одговорност: Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, потпретседателите, координаторите на пратеничките групи, претседатели на комисиите, генералниот секретар и мојата маленкост, напиша Димитров.
По потпишувањето Џафери го испрати Законот во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој треба да го потпише неговиот указ.
Претседателот Иванов има рок од седум дена да го потпише. Тој во изминатите денови соопшти, а денеска и повтори дека нема да го поддржи, ниту да го потпише договорот бидејќи, според него, е штетен.