ФОТО Димитров и Коѕијас низ смеа се ослободуваат од напнатоста пред новата рунда преговори

by fokus

Грчкото МНР објави фотографии од денешната нова рунда преговори за името меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Од фотографиите се гледа како министрите пред почетокот на разговорите низ смеа се ослободуваат од напнатоста.

Разговорите овој пат ќе се одвиваат под покривот на австриското Министерство за надворешни работи, па друштво на министрите им прави и нивната колешка, шефицата на австриската дипломатија, Карин Кнејсл.

Средбата, во посредство на медијаторот, Метју Нимиц, се очекува да трае неколку часа.

 

Поврзани новости