519
Откако незадоволните граѓани со јајца фрлаа кон канцеларијата на претседателот Иванов на Рекорд, тие се упатија кон Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, на патот кон штабот, полицијата ги спречи да продолжат и ги запре во близина на Беко.
Групата која протестира има околу 3.000 граѓани, но како поворката се движи, бројот се зголемува. Демонстраните фрлајќи со јајца кон канцеларијата на Иванов, скршија едно стакло.