(ФОТО) Демонстрантите пред Влада: Ние сме шарената ѕвезда на ЕУ

by Фокус

Откако беа пред ЕУ инфо центарот, демонстрантите дојдоа пред Владата на Република Македонија. По пат пееја „Шутка не ти бега Никола“, а пред Влада извикуваа „Не ве амнестираме“.

На булеварот „Илинденска“ пред Владата, беше нацртана ѕвезда и беше испишано „Ние сме шарената ѕвезда на ЕУ“, алудирајќи на „Шарената револуција“, како што ги нарекоа протестите.

Во моментов, граѓаните полека си заминуваат од пред Владата, со што завршува денешниот протест кој помина мирно и без никакви инциденти.

vlll

Поврзани новости