Тајно снимани демонстрантите од Судот во Охрид

by Фокус

Охриѓани и вечерва излегоа на протест против аболицијата на политичари. Еден од демонстрантите испрати фотографија до Фокус, на која се гледа како од просториите на Судот, некој тајно ги снима граѓаните кои присуствуват на протестот.

Инаку, на денешниот протест освен охриѓани се приклучија и граѓани на Струга и струшките села.

Поддржувачите на „Протестирам“ повторно се собраа кај стариот охридски чинар, од каде преку градското корзо стигнаа и протестираа на плоштадот Свети Климент Охридски, а оттаму продолжија по улиците во центарот на градот.

На крајот пристигнаа до зградата на општината каде што освен со скандирање и свирежи, својот револт го искажаа со фрлање на јајца на општинската фасада.

Демонстрантите  бараат оставка на претседателот Иванов поради одлуката за аболиција и одложување на изборите закажани за 5-ти јуни.

Поврзани новости