590
Насилници го прекинаа роденденот на ЛГБТ центарот, една девојка е повредена 30-тина насилници упаднаа вечерва во кафе барот „Дамар“ во Старата скопска чаршија на прославата на двегодишнината на ЛГБТ заедницата во Македонија.
Пред 21 часот групата, маскирана со капи фуриозно упаднала во барот и фрлале со гајби по гостите. Една девојка е повредена, а интервенираше и итната помош. Неколкумина други гости се помалку повредени. Откако направиле неред, преку кој практично го демонстрирале ставот кон домаќините, групата го напуштила кафе-барот. Исплашените гости и персонал првично не успеале да препознаат некого од напаѓачите.
Фотографиите се преземени од Радио МОФ.