Хулигани го нападнале кафулето „Дамар“ во Скопската чаршија, повредена е девојка

by lali

Насилници го прекинаа роденденот на ЛГБТ центарот, една девојка е повредена 30-тина насилници упаднаа вечерва во кафе барот „Дамар“ во Старата скопска чаршија на прославата на двегодишнината на ЛГБТ заедницата во Македонија.

Пред 21 часот групата, маскирана со капи фуриозно упаднала во барот и фрлале со гајби по гостите. Една девојка е повредена, а интервенираше и итната помош. Неколкумина други гости се помалку повредени. Откако направиле неред, преку кој практично го демонстрирале ставот кон домаќините, групата го напуштила кафе-барот. Исплашените гости и персонал првично не успеале да препознаат некого од напаѓачите.

Единствено може да се заклучи, според брзината и организираноста, дека групата се подготвувала за нападот од претходно и имале точно определен план како да упаднат, како да ја прекинат забавата и како да заминат. Во моментов полицијата врши увид на местото на инцидентот. Малкуте камери низ Старата чаршија и да снимиле нешто, непознато е колку ќе помогнат при идентификација на насилниците, со оглед на мракот и на изгледот на групата.

Претходно, додека ЛГБТ центарот имаше седиште во чаршијата беше мета на неколку напади на хулигани. Полицијата ќе има многу работа ако сака навистина да открие кој стои зад нападот, но не само кој го извел, туку дали има и други вмешани во позадина.

Поврзани новости