619
По анонимна дојава дека во пештера помеѓу кичевските села Тајмиште и Бачишта има човечки черепи, обвинител од гостиварското основно јавно обвинителство издаде насоки за обезбедување на оперативна проверка за место положбата на пештерата позната под име „Череп“.
Сторијата за оваа пештера ја објави уште пред повеќе од една година Планинарското спелеолошко друштво „Бистра“ од Кичево, чиие фотографии сведочат за она што е пронајдено.
Се шпекулира дека станува збор за коски стари со децении, па и со векови.