Мајка Тереза прогласена за светица

by Фокус 11:46
11:46

Папата Франциско, на утринската миса на плоштадот Св. Петар во Рим на која присуствуваа повеќе од 100 илјади верници и гости од целиот свет, ја прогласи Мајка Тереза за светица, оддавајќи и почест за грижата за болните и сиромашните во светот.

Низ плоштадот Св. Петар во Рим се разнесе громогласен аплауз дури и пред Папата да ги каже последните зборови од канонизацијата, наведувајќи ги чудата кои и се припишуваат на калуѓерката.

Околу 100 илјади верници и гости од целиот свет ја следеа мисата, но посетата не успеа да ја достигне бројноста од 2003 година, кога Мајка Тереза беше прогласена за блажена, најмногу поради засилените безбедносни мерки од можни терористички напади.

Македонската државна и црковна делегација ја предводеше претседателот Ѓорге Иванов, а на настанот присутни беа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ – Никола Груевски и Зоран Заев.

Поврзани новости