459
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, прв пристигна во канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, каде што е повикан на распит. Неколку минути по него, во СЈО влезе и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред канцелриите на Специјалното обвинителство има голем број на новинари и фоторепортери кои чекаат изјави од денеска повиканите на распит. Освен Тачи и Бонева, на распит е повикан и Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР.