Влегува во Парламент предлогот на ДС за големи задолжувања да одлучуваат пратениците

by fokus

Парламентарната расправа за промени во Законот за јавен долг со кои се предвидува за задолжувања над  100 милиони евра наместо Владата да одлучува Парламентот, денеска треба да започне во Комисијата за финансии. Овие законски измени се на предлог на Демократскиот сојуз на Македонија.

-Се очекува Комисијата за финансии, денеска во 11 часот да расправа по Предлог Законот, на која Павле Трајанов ќе ги образложи предлог промените. Неодамна, Владата најави дека преку издавање на еврообврзница, Државата ќе ја задолжи со 650 милиони евра или заедно со каматата вкупниот долг ќе изнесуваше една милијарда евра. По реакциите во јавноста, новиот долг изнесува 450 милиони евра, но и натаму без претходни консултации и намена за која ќе се користат средствата, велат од ДС.

Се предлага Владата, самостојно во текот на една година, да може да ја задолжи државата најмногу за 100 милиони, а над тој износ да одлучува Парламентот, со цел да се спречи неконтролирано задолжување.

Поврзани новости