563
Во 18 часот пред Собранието започна протестот против цензурата за бомбите која ќе произлезе од законот за забрана за објавување на прислушуваните телфонски разговори. Пред Парламентот се пуштаат бомбите кои досега ги објави опозицијата, а демонстрантите носат транспаренти „Стоп за цензурата“, „Забранета цензура“, „Ало началниче, нема да ги забраните бомбите, тие се нашата вистина“.
Групата граѓани која простестира извикува „Нема правда, нема мир“ и порачува дека законот мора да биде повлечен, а оставката на премиерот во заминување мора да се испорача.