981
Првоосомничениот во предметот „Рекет“, познатиот шоу-мен, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на пладне пристигна во Јавното обвинителство на распит кај обвинителката Вилма Руковска. Ова е прво соочување на Јовановски со доказите кои Обвинителството ги собра во истражната постапка за предметот „Рекет“.
Боки 13 е во притвор веќе два месеци и неколку пати со обезбедување беше носен на скопските клиники поради наводно влошена здравствена состојба.
Утре пред обвинителката Русковска треба да се појави и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.