ВМРО-НП: Се радуваме што добива поддршка нашиот дамнешен предлог за една изборна единица

by Фокус

ВМРО-Народна партија се придружи на барањата на „помалите“ парламентарни и вонпарламентарни партии за измена на изборниот законик со цел формирање на една изборна единица со минимален или без изборен праг.

„ВМРО-Народна партија се радува што предлогот за една изборна единица добива поддршка и од партиите кои во не толку далечната 2011 година кога и за прв пат укажавме на потребата од промена на изборниот законик, не смогнаа сили да се придружат кон нашиот предлог и го поддржат иако учествуваа во владината коалиција“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

Поврзани новости