513
Откако ја поздравија директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, демонстрантите од Шарената револуција се упатија кон Собранието, кое ќе биде нивна крајна дестинација. Кога поминуваа пред Агенцијата за медиуми, повторно ја обоија и ја гаѓаа со јајца.
На чело на колоната е транспарент на која пишува „Мафија на робија“, а граѓаните кои протестираат бараат укинување на аболицијата. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак, пред еден час изгласаа само селективно укинување на аболицијата, односно да биде укината само за оние што ќе си побараат.