508
Неколку од децата бегалци кои се заглавени во кампот во Идомени близу грчко-македонската граница денеска со транспаренти изразија сочувство за жртвите на терористичките напади во Брисел. Тие носеа пароли на кои пишуваше „Жалиме за Брисел“.
Децата се фотографирани во текот на протестот во ова грчко место близу до македонската граница, каде во моментов се наоѓаат неколку илјади бегалци. Тие повторно протестираат во кампот кај Идомени, како и на грчките острови во близина на турските брегови.