На социјалните мрежи се споделува фотографија од новата зграда на Кривичниот суд, каде бизарно, но реално, има тераса без никаков пристап до неа. Архитектот на зградата не предвидел врата за излез на терасата и до неа може да се дојде само преку прозор.
Поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, вели дека ова не е единствената таква тераса. Во коментар на социјалните мрежи појаснува дека има уште една таква тераса поголема од страната на булеварот. Според него архитектот и надзорот не дозволувале да се отвори врата.
-Прашање е кој го прифатил проектот вака??? На мое инсистирање дека хигиеничарките не ќе можат да ги чистат, ми рекоа преку прозор да излагаат. Можело некој да излезе и да се фрли од зградата…како да нема друго место за фрлање па баш од судов ќе се фрлаат“, пишува Панчевски.