Час и половина ќе трае вечерашниот дуел меѓу Заев и Мицкоски

by fokus

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски најави денеска дека вечерашниот дуел меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе трае час и половина.

Ова е прво вакво соочување по речиси две децении меѓу првите луѓе на власта и опозицијата. Дебата ќе почне во 20.00 часот вечерва на МРТ. Заев и Мицкоски во ТВ дуелот, под работен наслов „Една година власт, една година опозиција“, ќе се соочат за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…

Поврзани новости