488
Верижен судир на четири автомобили се случи вечерва на булеварот пред Собранието на Република Македонија. Како резултат на судирот едно од возилата влета и удри во оградата од Собранието, објави Независен весник.
Во инцидентот што се случи пред 20 часот, нема повредени и причинета е само материјална штета.
Увидот на полицијата е во тек.