ССМ денеска влегува во генерален штрајк откако власта го одби амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор.
Во 10 часот работници ја блокираа улицата, а протестот ќе трае до 14 часот.
-И покрај неколкуте одржани состаноци на кои беше договорено дека потпишувањето на Општиот колективен договор за јавниот сектор со утврдено зголемување на платите согласно барањата на ССМ и утврдување на методологија за понатамошно зголемување на платите во јавниот сектор ќе се случи со ребалансот на буџетот, но за жал Сојузот на синдикатите на Македонија го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година (…) и покрај договореното не се предвидени финансиски средства за усогласување на платите на вработените во јавниот сектор и на таков начин се прави груб обид за изигрување на вработените во јавниот сектор за усогласување на нивните плати, велат од ССМ.