Борисов: Ова е најдобро решение, ГЕРБ дава зелено светло за Македонија и Албанија

by fokus

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов денеска на прес конференција рече дека ако премиерот Петков се осмели, ќе има поддршка од 59 пратеници на ГЕРБ  и „зелено светло“ за Македонија и Албанија.

-Имав разговори со пратениците на ГЕРБ и ги прашав дали ми веруваат да го поддржам предлогот. Ако се осмели овој кукавица и лажго Петков, ќе има поддршка од 59 пратеници. Верувам во Макрон, верувам во ЕУ. Сè што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди во Советот на ЕУ и ќе каже дека некој му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши додека ГЕРБ не ја заврши работата. Ние знаеме како да се грижиме за нашата работа. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и не може да биде подобра, вели Борисов.

Тој додаде дека актуелната влада не направила ништо во врска со Протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог. Појасни дека овој Протокол сè уште не е потпишан.

-Не плашете се, дојдете во парламентот. Ова е најдоброто решение за Бугарија, Балканот и за ЕУ, рече Борисов.

 

Поврзани новости