Форумот на жени на СДСМ изразува згрозеност и шокираност од интервјуто на новинарот Драган Павловиќ Латас на youtube каналот на Стефан Лазаров и згрозеност од реакцијата на јутуберот за искажаното насилство.
„Најостро го осудуваме однесувањето на новинарот Латас и јутуберот Лазаров кон жената во општеството. Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо и мора да подлежи на сакционирање. Ваквото понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената мора да биде осудено од сите општествени чинители, и да се испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо“, соопштија од Форумот на жени на СДСМ.
Од таму ги повикаа институциите во рамките на своите на надлежности да превземат мерки за санкционирање.
„Го повикуваме јавното обвинителство согласно нивните законски овластувања да покрене постапка за утврдување на евентуална кривична одговорност. Ги повикуваме новинарските здруженија, Советот за етика во медиуми да го осудат ваквото однесување и да го санкционираат новинарот Латас. Ги повикуваме спонзорите на youtube каналот на Стефан Лазаров веднаш да престанат со финансиски поддршка на каналот, во спротивно ќе сметаме дека ја поддржуваат културата на насилство врз жените“, порачаа од таму.