Откако лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев ја објави вчерашната 14-та бомба, во која се докажува како премиерот Никола Груевски местел тендери и земал милионски провизии, со реакција се јавија од Форумот на слободоумни патриоти.
Тие бараат од надлежните државни институции со помош на домашни и независни странски стручни лица за аудио снимки, веднаш да пристапат кон експертско утврдување на веродостојноста на презентираните прислушувани телефонски разговори, за да се елиминира секакво сомнение за монтираност и сечење на истите, по што би следеле соодветни законски постапки спрема сите одговорни лица во оваа досега невидена афера на овие простори.
Од Форумот на слободоумни патриоти го потсетуваат раководството на МРТ на должноста за професионално и непристрасно известување на јавноста и за доделување на рамномерен простор за презентација на активностите на власта и на опозицијата