Маршираа и средношколците во Кичево против државната матура

by Фокус 12:34
12:34

Стотина средношколци од Кичево излегоа на марш под мотото „Стоп за лошите реформи“ кој започна во дворот на училиштата „Мирко Милески“ и „Дрита“. Средношколците заминаа и пред подрачното Министерството за образование  каде беше доставено нивното барање за стариот концепт на државната матура.

srednoshkolci 1

„Сакаме да не сослушаат властите, бидејќи мислиме поинаку. Ние имаме право на трет изборен премет и е сметаме дека полагањето математика не треба да биде задолжително за матурантите“, изјавил матурант за Радио МОФ.

Кичевските средношколци велат дека нивните акции ќе продолжат и по овој, прв средношколски марш во нивниот град. За следните денови најавуваат можен бојкот на наставата и низа активности со кои ќе се обидат да го привлечат вниманието на надлежните за да ги слушнат нивните барања.

 

Фото: Радио МОФ

Поврзани новости